You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

Редовни консултации меѓу Стопанската комора и Царинската управа: Пат до зголемена конкурентност на македонската економија

„Стопанската комора ја поддржува и охрабрува Царинската управа да го унапредува царинското работење со воведување на нови дигитални услуги и решенија и осовременување на опремата особено на граничните премини, зашто тоа истовремено ќе значи олеснување и забрзување на постапките и поддршка за извозните компании за зголемување на нивната ефикасност и конкурентност“, истакна Азески на состанокот

Зголемување на конкурентноста на македонската економија преку засилена соработка меѓу бизнис заедницата и Царинската управа беше клучна тема за разговор на средбата меѓу претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и директорот на Царинска управа, Бобан Николовски. Договорено е воспоставување редовни консултации и заеднички настани, кои ќе бидат основа за унапредување на царинско-деловните партнерства.

Со нов Меморандум за соработка ќе се дефинира новата рамка за партнерство, со цел обезбедување доследност, предвидливост и ефикасност на царинските и деловните процеси.

„Стопанската комора ја поддржува и охрабрува Царинската управа да го унапредува царинското работење со воведување на нови дигитални услуги и решенија и осовременување на опремата особено на граничните премини, зашто тоа истовремено ќе значи олеснување и забрзување на постапките и поддршка за извозните компании за зголемување на нивната ефикасност и конкурентност“, истакна Азески на состанокот.

 Од страна на директорот на Царинската управа Николовски беше посочено дека ваквата соработка е во согласност со приоритетите на Владата.

„Ова е значаен чекор кон унапредување на односите, што ќе влијае позитивно врз перформансите на бизнис заедницата и економската трансформација на државата,“ изјави Николовски.