You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.
Тренинг центарот во рамки на Институтот за извоз е фокусиран кон развивање на човечките ресурси во областа на надворешно-трговското работење, преку испорака на обуки и модули на теми кои се од големо значење за организирање на извозното работење.
Првата година од своето формирање Тренинг центарот испорачува две програми од кои првата е наменета за компании кои сакаат да започнат извозни активности, но немаат доволно знаења за да го направат тоа, додека втората програма е наменета за постојни извозници кои сакаат да го унапредат своето работење и да го прошират опсегот на земји/пазари на кои ќе ги пласираат своите производи.

Излагајќи во пресрет на потребите на извозните компании, опсегот на модули во рамки на центарот во иднина ќе се проширува за да ја постигне својата цел, а тоа е јакнење на кадровските капацитети на извозно ориентираните компании со знаења и вештини кои се во функција на раст, развој и интернационализација на бизнисот.