You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

Аналитичкиот центар во рамки на Институтот за извоз има за цел да:

  1. Прибира, обработува и анализира податоци (од официјални извори и со спроведување на анкети) во функција на утврдување на потребите на македонските извозно ориентирани компании на системски начин, а со цел предлагање на политики, стратегии и мерки за подобрување на деловното окружување во кое функционираат домашните извозни компании и зголемување на нивната конкурентност на странските пазари;
  2. Изготвува анализи и обезбедува информации насочени кон индивидуални компании кои се извозно ориентирани (или компании кои се потенцијални извозници), со цел обезбедување на помош на конкретната компанија за освојување и позиционирање на нови пазари, зголемување на извозот и подобрување на перформансите на нивното работење;
  3. Креира база на извозни компании во Република Северна Македонија и
  4. Подготвува упатства за извозните компании („Подгответе се за извоз - Како да станете извозник“), кои вклучуваат неоходни информации за настап на регионалните и меѓународни странски пазари, Водичи за пристап до финансии за извоз и др.